Категории

Оставете ги да ве озборуваат- поучна приказна која вреди да се прочита

Тешко е да ги задоволите сите вкусови. Оној кој сака, секогаш ќе има што да искоментира…

Затоа, не се разочарувајте од озборувањата. Сè што правите, правете го од срце!

Оваа поучна приказна ќе ве убеди во тоа:

Еден брачен пар имал 12-годишен син и едно магаре. Одлучиле малку да прошетаат, работат и да го запознаат светот, па сите заедно тргнале на пат.

Кога дошле до првото село, луѓето коментирале: Погледнете го ова невоспитано дете. Тој седи на магарето додека неговите стари родители го влечат магарето.

Жената тогаш му рекла на сопругот: Нема да дозволиме луѓето лошо да зборуваат за нашиот син.

Мажот го симнал детето од магарето и тој седнал на него.

Кога дошле до другото село, луѓето повторно коментирале, само малку поразлично: Погледнете го овој човек, срам да му е што дозволил жената и детето да го влечат магарето, додека тој седи.

Тогаш решиле дека е време жената да седне на магарето, а синот и мажот да го влечат.

Така стигнале и до третото село. Таму луѓето повторно имале што да кажат: Сирот човек! Цел ден работел, а жената седи на магарето. Сирот син, којзнае што го чека со ваква мајка.

Бидејќи веќе не знаеле што да направат, решиле тројцата да се качат на магарето и да продолжат.

Кога дошле до следното село, слушнале како сите коментираат дека на магарето ќе му попушти телото заради тежината.

Потоа сите решиле да се симнат и пешки да си продолжат по патот.

Кога поминувале низ следното село, не можеле да поверуваат на коментарите и смеењето кое го добиле: Погледнете ги овие три будали… Одат, а имаат магаре кое може да ги носи!

Поука? Секогаш правиш нешто погрешно, глупаво, непромислено според другите.

Најдобрата работа која можеш да ја направиш за себе е да им дозволиш да зборуваат додека ти го одиш својот пат.

Прегледи:
410
Ознаки:
· ·
Објавено на:
02.01.2017