Категории

Освежете се со домашен сладолед: 5 одлични рецепти за вкусен десерт

Сладоледот во летните денови е омилениот десерт за сите возрасти. Разладете се во овие жешки денови и пригответе здрав и вкусен сладолед во домашни услови.

1. Чоко намаз од лешник – сладолед

  • 2 зрели банани
  • 1 лажица бадемово млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 3 лажици намаз од чоколаден лешник

2. Сладолед од овошен јогурт

Овој сладолед не може да биде поедноставен за приготвување, а децата го обожаваат. Земете овошен јогурт и ставете го во пластичен калап за да подготвите сладолед на стапче. Оставете го преку ноќ во замрзнувачот и сладоледот е подготвен.

3. Од овошен сок

Подготовката на овој сладолед, исто така може да биде брза и едноставна. Во калапи ставете било каков овошен сок и заледете го. Ќе добиете освежувачки десерт совршен за летните топли денови.

4. Класичен сладолед од чоколадо

Состојки: 2 јајца и 2 жолчки, 10 дг шеќер во прав, 25 дг чоколадо за готвење, 6 дл слатка павлака

Подготовка: Измиксајте ги јајцата, жолчките и шеќерот па додадете ја чоколадата и половина слатка павлака која претходно сте ја стопиле. Измешајте го остатокот од павлаката и помешајте ја со оладената чоколадна смеса. Ставете ја смесата во сад и потоа во замрзнувачот да се стврдне.

 

5. Класичен сладолед од ванила

Состојки: 2 јајца, 60 г шеќер во прав, 3 дл слатка павлака, 2 лажички екстракт од ванила

Подготовка: Измешајте ги белките и постепено додавајте шеќер. Посебно изматете ја слатката павлака, а посебно жолчките и екстрактот од ванила. Измешајте ја слатката павлака во смесата со белките и шеќерот и додадете ја смесата со жолчки и ванила. Ставете ја целата смеса во замрзнувач.