Категории

Откријте дали ТОЈ сака сериозна врска или само забава

Важно е да обрнете внимание каде гледа додека сте заедно

Доколку не сте сигурни дали вашиот партнер сака сериозна врска или минлива авантура, постои начин да ги откриете неговите вистински намери. Истражувачите од Универзитетот во Чикаго сметаат дека е важно да обрнете внимание каде тој гледа додека сте заедно.

Доколку воспоставувате контакт со очите, макар и накратко, тоа значи дека сака емоционално да се поврзи со вас, додека погледот кон телото зборува дека има изразена желба за секс.

Во истражувањето учествуваа студенти кои добија неколку црно-бели фотографии. Во првата се наоѓаа слики од парови кои меѓусебно беа поврзани на романтичен начин, додека на другите беа прикажани партнери кои гледаа директно во објективот. Испитаниците мораа да оценат дали расположението на партнерите на фотографиите е романтично или еротско.

Истражувачите заклучија дека студентите гледаа во лицата на особите кога рекоа дека се чувствуваат романтично, а во телото кога зборуваа дека на фотографиите се забележува желба за секс.

Прегледи:
431
Објавено на:
09.06.2020