Категории

Ова е една од најсреќните одлуки во мојот живот!

Една од најсреќните одлуки во мојот живот е да ги оставам луѓето да мислат за мене што сакаат. На крајот на краиштата, тоа е нивна работа, тоа се нивни мисли и нивно време, кое го трошат онака како сакаат.

 

Каква врска имам јас со тоа? Веќе не се плашам дека ќе разочарам некого! Нема да потрошам ни минута на расправа. Не влегувам во никаква дискусија. Нема да докажувам дали сум во право или не.

Немам потреба за тоа. И многу ми е жал за времето кога имав потреба за тоа. Немам потреба на сила да разговарам со оние кои не сакам. Немам потреба да водам глупави разговори и преписки со луѓето кои не ме интересираат, кои сакаат да ми „закачат“ етикети, или да зборуваат со мене на теми на кои не сакам да зборувам со нив.

Немам потреба да кажам ДА, кога сѐ во мене говори НЕ.

Немам потреба да се извинувам за моето мислење, кое никогаш никому не го наметнувам, но не барам ниту да ме убедуваат.

Научете да немате потреба, драги мои.

Затоа што токму тоа ќе ве сочува за луѓето кои ви се важни во животот.

Ќе ви овозможи да им помогнете на оние на кои вашата помош им е навистина потребна.

Ќе ви даде слобода за да можете и на оние кои не ве поднесуваат, а упорно ви се мешаат во животот, да им покажете дека знаете што сакаат да постигнат.

Бидејќи ништо не уништува како зависноста од туѓото мислење и насилство над самиот себе, додека постојано се трудиме да исполниме туѓи очекувања и да бидеме добри со сите.

Смилувајте се кон себе!

Никој освен вас не треба да влијае на вашиот живот. И затоа, нека мислат за вас што сакаат. А вие живејте додека тие мислат.

Прегледи:
550
Објавено на:
12.11.2021