Категории

Ова е лицето на доктор по 13. часовна смена борејќи се против коронавирусот: „Ќе помине ако сме обединети во едно големо и силно семејство!“

Еден доктор од Бугарија решил со своите сограѓани да сподели селфи после напорната 13. часовна смена на интензивниот оддел


„Не сакам селфи.
Вчера сепак ја направив оваа слика. По 13. часови на интензивна нега, откако ги симнав сите заштитни предмети си направив селфи.
Не сум и не се чувстувам како херој.
Јас сум нормален човек кој што си ја сака работата сега повеќе од било кога и е горд да биде во првите линии со други прекрасни луѓе (лекари, медицински сестри, обезбедување, техничари…).
Еве зошто не ми е грижа за многуте часови работа, болки во грбот, замор, неубавата храна и многу други нешта.
Сето тоа ќе помине.
Ќе помине и благодарение на вас и на вашата упорна работа и жртви.
Ќе помине ако сме обединети во едно големо и силно семејство.
Не се предавајте никогаш“, напиша овој доктор на својот профил на Фејсбук после 13. часовната смена во борба со коронавирусот во Бугарија.

Прегледи:
495
Објавено на:
17.03.2020