Категории

Ова е мажот кој доби доживотна лотарија – Секој месец ќе добива по 12.000 долари!

24- годишниот Дин Вејмс во моментот е зафатен со размислување што ќе прави со добивката од лотаријата која ја освои – 12.000 долари секој месец во текот на наредните 30 години. Тоа значи дека ќе ја добива оваа сума сѐ додека не наполни 54 години.

Покрај патувањето во Дизниленд во Париз и другите авантуристички активности на кои планира да потроши дел од сумата, Вејмс откри дека ќе остави пари и за своето семејство, особено за својот помлад брат кој има аутизам.

Раскажувајќи за еден локален магазин, Вејмс вели дека неговите родители поминуваат низ големи проблеми во битката со неговиот 23-годишен брат кој боледува од аутизам. Вејм вели дека чувствува одговорност да се погрижи за неговата иднина.

„Мојот брат е практично како мало дете, не може да зборува и да ги каже нашите имиња. Понекогаш знае даа не стегне толку силно и тешко е да се оттргнеш бидејќи има огромна сила. Моите родители стареат и сѐ потешко е за нив да го чуваат. Сакам да му ја обезбедам најдобрата потребна нега, а моите родители да можат да се одморат барем неколку часови во денот.“, вели Дин.