Категории

Ова е најдобриот и најефикасен начин за добивање баланс на организмот и телото

Грижата за себеси и своето физичко и ментално здравје претставува клучен фактор за благосостојба и успех, а тоа се одразува во секој сегмент на живеењето, меѓу другото и во креативноста, способноста и односите со луѓето.

Поради брзото темпо на живот и секојдневните обврски, потребата од место кое барем на неколку часа ќе не оттргне од реалноста одвојувајќи време за релаксација и одмор е повеќе од неопходна.

Секој од нас заслужува “прибежиште” од стресното урбано секојдневие, изолирани од обврските и стресовите, уживајќи во целосно освежување преку релаксација и детоксикација на целото тело.

Најдобриот и најефикасен начин за добивање баланс на организмот и телото се постигнува преку користење на благодетите на Спа центарот Anne Semonin, во хотел Руссиа.


Во овој луксузен простор ќе најдете се што ви е потребно да ја наполните енергијата. Освежување во базенот со должина од 22 метри, детоксикација во инфраред и финската сауна, турска или парна бања – изборот останува на вас во зависност од она што го преферирате.

Секако, покрај овие услуги, еден луксузен спа центар како што е Anne Semonin не би бил комплетен доколку не вклучува масажи од секаков вид во своите услуги. Почнувајќи од релакс масажите каде што се вбројувааат кралската масажа која вклучува третман од двајца физиотерапевти, масажата на длабоко ткиво, рефлексо – терапија, како и масажа за парови каде што може да го споделите ова пријатно искуство со ваша драга личност истовремено. Покрај релакс масажите, овој спа центар нуди медицински масажи на одредени делови на телото каде што е потребно – парцијална масажа, спортска масажа чии придобивки секојдневно ги користат особено оние кои се физички активни, медицинската масажа како и антистрес масажата за вистинско опуштање.

Како благодарност за користењето на услугите, овој Спа центар на своите клиенти им нуди месечни, три месечни, шест месечни и годишни карти за користење на спа услугите кои нудат многу поволности.

Со месечната карта може да уживате во спа центарот 10 пати во месецот, со тримесечната карта 30 пати во период од 3 месеци. Со оваа картичка клиентот добива и 1 месец гратис. Шестмесечната картичка вклучува вкупно 60 посети на спа центарот во период од 6 месеци, а воедно и 1 месец гратис. Годишната карта може да се користи цела година, месечно 10 пати а одлуката е препуштена на вас кога ќе ги искористите сите 120 посети.


Покрај многубројните услуги кои ги нуди Спа центарот Anne Semonin, користејќи ја најквалитетната козметика од истоимениот француски бренд, која користи најнови подмладувачки технологии и најквалитетнити активни состојки, креирајќи асортиман што на дофат Ви ги нуди посакуваните решенија и видливи резултати.
Само тука може да уживате во третманите за детоксификација и обнова, Вип Anne Semonin третман (третман на тело и лице со пилинг, масло и млеко за тело), како и третманите за лице – третман за ревитализација, третман за подмладување и масажа на лице и скалп.

Опуштете ги своите сетила, одвојте време за себе и уживајте во благодетите кои ги нуди Спа центарот Anne Semonin, бидејќи на овој начин најдобро вложувате во вашето здравје и среќа.