Гинисовите Рекорди се многубројни, од различни категории и многу луѓе низ светот постојано се обидуваат да ги срушат и да бидат запишани во познатата книга за истите. Но, во продолжение може да прочитате чудни гинисови рекорди за кои сигурно не сте знаеле.
1. Маратон во облека на зеленчук
Најбрз на овој маратон бил Едвард Ламли облечен како морков и неговото време било 2 часа 59 минути и 33 секунди.
2. Најголема колекција на туби од паста за заби
Најголемата и најразновидна колекција ја има Вал Колпаков кој поседува дури 2.037 различни туби од пасти за заби собирани од целиот свет, вклучувајќи туби од Јапонија, Кореа, Кина, Индија, Русија.
3. Најголемо балонче од гума за џвакање
Чад Фел го направил најголемото балонче кое било со дијаметар од 50.8 цм без притоа да ги користи своите раце.
4. Најголем собир на луѓе облечени како пингвини
Најголемиот собир на луѓе во облека на пингвин вклучува 624 луѓе во Лондон.
5. Најтежок пирс на уво
Најголема тежина на пирсираното уво носел Џони Стренџ- дури 14.9 кг.
6. Гинисов рекорд за најтешка брада
Овој рекорд го има Ангтанас Контримас и неговата брада тежела неверојатни 63.80 кг.
7. Кој може да облече најмногу чорапи за една минута?
Павол Дурдик- 48 чорапи и со тоа бил запишан во Гинисовите Рекорди.