Категории

Ова се најголемите придобивки во здравјето доколку користите сода бикарбона

Која е состојката што секој треба да ја има во својот дом? Верувале или не, тоа е сода бикарбона. Оваа намирница која се користи во кујната, всушност има многубројни употреби и надвор од неа. Повеќето од нив се поврзани со здравјето.

 

Помага при изгореници

Сода бикарбоната ја смирува иритираната кожа, па поради тоа е совршена во смирувањето на изгорениците од сонце. Наполнете ја кадата со млака вода и ставете сода бикарбона во неа. Уживајте во водата а кожата ќе ви се заблагодари. За третман само на одредени делови од телото ставете сода на памук и протријте ја на местото каде што кожата ви е изгорена од сонце.

Чистење на лицето

Миењето на лицето со сода бикарбона ќе ја врати природната пХ вредност. Исто така, ги чисти порите и го намалува појавувањето на акни. Може да направите смеса од 1 шолја сода бикарбона и 1/4 шолја вода, а потоа протријте ја смесата нежно на лицето. Откако ќе ја завршите процедурата измијте го лицето.

Дезинфицира гребнатини и исекотини

Направете смеса по истиот рецепт како за чистењето на лицето и протријте ја на малите исекотини или гребнатини. Не само што ќе ја намали болката, туку и ќе го дезинфицира повреденото место.

Помага при варењето и проблеми со желудникот

Доколку имате чести проблеми со желудникот знаете колку непријатно може да биде тоа. Сода бикарбоната помага да се ослободите од болките во стомакот. Помешајте половина лажица сода во чаша вода и испијте ја. Резултатите ќе ги почувствувате набргу. Само запомнете, пиењето премногу сода бикарбона може да биде опасно, особено за бремените жени и децата. Ова се препорачува само понекогаш.

Ја ублажува иритацијата од убоди од инсекти

Помешајте сода и вода на местото од убодот. Исто така може да ја употребите и за осип и иритирана кожа, па дури и од убод од бршлен. Но, не помага доколку имате сериозна алергиска реакција.

Испирање на усната шуплина

Освен што ја одржува вашата усна шуплина чиста, испирањето помага и при уништувањето на опасните бактерии. Но, некои луѓе преферираат испирање со природни состојки.

Измешајте морска сол и сода бикарбона во сооднос 1:6, во замена за паста за заби.

Отстранување на непријатната миризба на стапалата

Порано или подоцна, сите ние се соочуваме со непријатна миризба на стапалата. Без разлика дали е предизвикана од чевлите или пак порад потење на стапалата, сода бикарбоната може да помогне. Истурете сода во вашите чевли или покиснете ги нозете во бањата и додадете сода во водата и нема да мора да се грижите за непријатната миризба.

Прегледи:
656
Објавено на:
05.03.2018