Познато е дека светски познатите славни личности уживаат во богатство и неверојатен луксуз. Сведоци сме на нивните луксузни апартмани и куќи, кристално – сините базени, гламурозните облеки и скапоцен накит.
Но, колку всушност се богати најбогатите ѕвезди? Доколку сте се запрашале кои се најбогатите холивудски актерки, погледнете ја листата и дознајте.
1. Анџелина Џоли
Актерката која ја нарекуваат холивудска убавица, е на врвот на оваа листа. Позната по многубројните улоги, ликот на Лара Крофт во филмот Томб Рајдер во 2001 година, ја лансираше највисоко помеѓу актерките. Нејзиното богатство се проценува преку 400 милиони долари.
2. Џенифер Лоренс
Нејзината улога како г-ѓа Евердин и го обезбеди второто место помеѓу најплатените актерки во светот. Нејзиното богатство се проценува на околу 110 милиони долари.
3. Скарлет Јохансон
Во текот на својата кариера, Скарлет Јохансон обезбедила огромно богатство, кое се проценува над 100 милиони долари.
4. Мила Кунис
Со огромни улоги позади нејзиното име, Мила Кунис се рангира дури на четвртото место на оваа листа. Во 2016 година, убавата актерка заработи вртоглави 11 милиони долари. Нејзиното богатство е проценето на околу 45 милиони долари.
5. Ејми Адамс
Ејми пред да стане светски позната актерка, својата кариера ја започнува во ниско – буџетни филмови. Во 2016 година заработува импресивни 13.5 милиони долари. Денес, нејзиното богатство се проценува на околу 50 милиони долари.