Категории

Ова се нештата за кои НИКОМУ не должите апсолутно никакво објаснување

Многу одлуки и избори кои ги донесуваме во животот предизвикуваат коментари и прашања кај луѓето околу нас

Често се чини дека секој има свое мислење за тоа што ние правиме, како се однесуваме, со кого се дружиме. Понекогаш луѓето одат толку далеку што од вас бараат објаснување за одлуките или изборите кои се однесуваат само на вашиот живот.
Иако многумина би се чувствувале должни да им одговорат на таквите побарувања, некои нешта едноставно не треба да го интересира никој освен вас. Секако дека е важно да го слушате разумот и срцето во таквите случаеви но понекогаш треба да знаете да застанете и да размилите – за некои делови од вашиот живот не морате никому да му полагате сметка.

Никому не му должите објаснување за вашата ситуација во животот
Било да се работи за врска со вашиот поранешен партнер, сопруг/сопруга, или привремено живеење со родителите во своите 30-ти, не морате никому да објаснувате и да се правдате за својот избор ако не го сакате тоа. Ако сте потполно свесни за сосптвената ситуација, тоа значи дека имате свои причини кои не треба да го интересираат никој друг.

Никому не должите објаснување за своите приоритети
Вие имате свој став за нештата кои вас и вашите сакани ќе ги направат среќни и задоволни, а тоа е ваш приоритет. Секој од нас е единствена иднивидува која има различни ставови, соништа и амбиции, а вашите основни приоритети секако дека ќе бидат различни од оние на некој друг и не морате да му ги објаснувате своите причини зошто ги имате тие приоритети. Тоа е ваша лична работа која не треба да ги интересира другите.

Не должам извинување никому ако не чувствувам дека ми е жал
Ако не ви е жал за она што сте го направиле, или и понатаму сметате дека некој не е во право, не треба да се извинувате. Многу од нас се пребрзи со своите извинувања и се обидуваат да ги зацелат раните кои се сеуште премногу свежи а тоа може да донесе уште проблеми. Навистина не морате да се извинувате ако не ви е жал или некој не ја слушнал вашата страна на приказната.

Никому не треба да му ја оправдувате потребата да останете сами
Можеби се грижите што ллуѓето мислат за тоа дека сте „недруштвени“, „повлечени“, ако одлучите да ги откажете плановите или обврските затоа што ви треба време за себеси, да се опуштите или да уживате во самотија покрај добра книга, тоа  е нормално нешто. Природна потреба која сите луѓе мораат да ја прифатат. Уживајте во периодот на самотија и не оправдувајте се никому за тоа.

Никому не должите објаснување за тоа како изгледате
Можете да бидете витки, пополни, ниски, високи, набилдани, истетовирани, слаби, дебели, никому не морате да се опрадувате за тоа како изгледате. Вашиот физички изглед е само ваша работа и бојаснувањето си го должите само себеси. Вашите вистински вредности не смее да ги одредува вашиот физички изглед.

Никому не должите објаснување за одлуките во својот живот и кариера
Понекогаш околностите не приморуваат да избереме помеѓу работата и личниот живот. Одлуките не се секогаш лесни и можеби сепак ќе ја изберете работата, не затоа што не ви е гајле за семејството или друштвениот живот, туку затоа што работите на нешто што ќе ви осигура убава иднина. Без сомнение, не должите објаснување никому затоа што сте ја избрале кариерата а не личниот живот или обратно, се додека сте сигурни во она што го сакате.