Категории

Ова се патиките кои ќе ги носиме во 2018 година?

Овие 3 видови на патки наводно ќе владеат во следната модна година, а доколку се ориентираме според модата која ја пласираат трендсетерките – веќе се хит!

За овие видови на патики постојат и листи на чекање, речиси е невозможно да се дојде до нив (Пума со машна, Yeezy, Fenti Puma). Додека класичните патики се секогаш добра инвестиција, модните стручњаци предвидуваат дека во 2018 година, вниманието ќе биде насочено кон овие три модели. Во најмала рака се необични и несекојдневни, а во продолжение ви ги прикажуваме кул патиките кои ќе биат неизбежни оваа година.

Патиките на тато

Без навреда на сите татковци, но оние „грди“, некогаш „бубаторски“, гломазни патики со дебела платформа, повторно се во мода. Тренди девојките ги носат во комбинација со елегантни мини фустани и здолништа, добивајќи несекојдневен поинаков изглед.

Чорапи – патики

Чорапите – патики, во текот на пролетта и службено ќе ги заменат еспадрилите. Како ги носат трендсетерите? Во комбинација со панталони и миди здолништа.

Бели патики

Знаеме дека ова не е ништо ново, белит патики се ИН повеќе сезони наназад, но оваа година се носат гломазни бели модели – што значи дека ќе ги замениме старките со бели патики на платформа.