Категории

Ова се петте најстудени места во светот! (ФОТО)

Сведоци сме на големи климатски промени и студот кој ја погоди Америка. Некогаш природата одлучува да биде исклучиво сурова и да ни го возврати ударот за сѐ она немилосрдно што го правиме од ден за ден, а студеното време е еден од нејзините одговори.

Кога ќе помислиме на студ, веднаш ги замислуваме Северниот пол или Сибир. Постојат некои места во светот кои имаат огромни минусни температури, а ова се некои од нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by someone (@l9823012) on


Восток метеоролошка станица, Антарктик

Руската истражувачка станица на Антарктикот има најниска измерена температура од -89,2 степени Целзиусови на 21. јули 1983. година. Ситуацијата не се подобрува многу ни во текот на летните месеци, кога просечната температура е -32 степени. Ова е воедно и најсувата точка на планетата каде што паѓа малку дожд кој се претвора во снег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tomas Ceppi (@tcexpeditions) on


Планината Денали, Алјаска

Со 6.190 метри надморска височина, ова е највисоката планина. Овде најниската температура е измерена во 2003. година и тоа -83 степени Целзиусови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ADAPTATION (@adaptationexpe) on


Веркхојанск, Русија

Овој град го држи рекордот во температурен опсег, а се наоѓа на север од земјата и има екстремно ладни зими и топли лета. Во јануари просечната температура е -48 степени Целзиусови, а во лето температурите се искачуваат и над 30. степен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by B.Traveling (@travel_balough) on


Интернационалните водопади, Минесота – Америка

Крунисани се како ледена кутија на нацијата поради што го прославуваат Icebox фестивалот кој вклучува куглање, скулптури од мраз и огномети. Просечната температура е од 0 до 2 степени.

 

View this post on Instagram

 

Yesterdays activities #tubing #colorado #snowtubing #frasercolorado #frasertubinghill

A post shared by NextLevel Tee🔌 (@4thegroupies) on


Фрејзер, Колорадо – Америка

Се наоѓа на 2.613 метри над ниво на морето и е дом на 1.275 луѓе кои живеат во овој предел каде што средната температура е само 3 степени. Секоја година паѓаат околу 10 метри снег што ја прави популарна дестинација за скијање.