Категории

Ова се трите Инстаграм апликации кои ги користат најпопуларните инфлуенсерки

Без обзир дали користите Интаграм за разонода додека патувате на работното место или факултетот или сакате да заработувате како инфлуенсер, што не е воопшто едноставно, овие три апликации ќе ве воодушеват поради многубројните опции и откако ќе ги дознаете ќе сфатите како познатите личности имаат толку убави профили.

Unfold

Доколку сакавте да правите колажи кога бевте мали, да пишувате дневник и да собирате различни налепници, апликацијата Unfold е создадена за вас. Веројатно најпопуларна на социјалните мрежи поради одличната опција на комбинирање повеќе фотографии и видеа, додавање опис со различни фонтови. Сигурни сме дека со оваа апликација посетеноста на Инстаграм Стори ќе ви се зголеми.

w i l d t h a n g. 🌼 • ph by @oddwie

A post shared by JULIE SARIÑANA (@sincerelyjules) on


Snow

Интересно е тоа што иако живееме во светот на мдерната технологија, сепак ги обожаваме „vintage“ филтерите кои имитираат истрошена филмска трака. Тоа се постигнува со апликацијата Snow која иако има безброј филтери и неодолива потсетува на Snapchat, Snow е далеку попроширена и речиси секој ден се збогатува со некој нов филтер.


Over

Последната апликација идеална за сите оние кои повеќе преферираат видеа од фотографии, бидејќи постојат различни визуелни и звучни ефекти поради кои ќе ве запомнат. Со Over апликацијата можете да ја прилагодите брзината на видеата, да ги користите постоечките филтери, да ги направите фотографиите замаглени или да ги нагласите. Оваа апликација често ја гледаме на профилите на различни инфлуенсери коои патуваат низ светот, а одлично изгледа и на фотографии од храна и коктели.

Back at my happy place. Best truffle pasta ever!! 😋

A post shared by Aimee Song (@songofstyle) on