Категории

Ова се трите највалкани места во домот преполни со бактерии: Мора да ги чистите секојдневно

Ова се трите необични предмети во домот кои мораме да ги чистиме секојдневно: На привезоците и клучевите има повеќе бактерии отколку на копчињата во лифотот.

1. Четки и сунѓерчиња за шминкање

Ако долго време не сте користеле прибор за шминка, по секое користење мора да го исчистите во топла, сапунеста вода за да не пренесете на лицето микроби и бактерии.

2. Клучеви

На држачите на клучевите има повеќе бактерии отколку на копчињата во лифтовите. Никогаш не ги чистиме, а секогаш ги држиме во раце. Ги ставаме во валканите џебови и честопати ни паѓаат на под. Резултат на тоа е неверојатен број бактерии кои ги внесуваме во домот. Исчистете ги со антисептички марамчиња за да ја спречите заразата.

3. Лавабо и садопер

Можеби мислите дека по миењето на раце или садови, измиено е и лавабото и садоперот, но не е така. На нивните рабови се задржуваат бројни бактерии. Потребно е кога ќе ги измиете садовите, да испрскате со средство за дезинфекција и детално измијте го. Тоа правете го секој ден.
Прегледи:
470
Објавено на:
04.11.2021