Категории

ОВА ТРЕБА ДА ГО ПРОЧИТАТЕ: ТАА ИМА 39 ГОДИНИ, БРЧКИ И ВИШОК КИЛОГРАМИ, НО СФАТИЛА НЕШТО МНОГУ ВАЖНО ЗА УБАВИНАТА!

„Ми беа потребни 39 години за да го сфатам тоа, и сега кога сум целосно свесна за тоа, морав да го споделам со вас“, напишала оваа жена.

Една мајка, колумнистка и жена со полни 39 години ја откри суштината на животот и убавината кон која сите жени толку тежнеат. Нејзината приказна ја пренесе Huffington Post, а ние ви ја пренесуваме во целост во продолжение.

„Ќе ти откријам една голема тајна: Денес си многу убава!

Ми беа потребни 39 години за да го сфатам ова, и сега кога сум целосно свесна за тоа, морав да го споделам со вас.

Еве како го сфатив тоа:

Додека се подготвувам да зачекорам во четириесеттата година од животот, би сакала сега штотуку да наполнев 30 години. Со полни 30 имав 10 кг помалку отколку сега. Немав брчки на лицето, подбрадок. Купував работи во делот за јуниори.

Кога имав 30 години бев убава, но не го знаев тоа.

Бев фокусирана само на оние негативни работи – оние 5 килограми вишок, градите кои после доењето почнаа да се опуштаат и стомачето кое ми остана по бременоста.

Сакав повторно да имам дваесет години.

Кога имав 20 години, бев 10 килограми послаба, со затегнати стомачни мускули и бутови, градите ми беа цврсти и полни и не ни помислував на тоа дека на задникот можам да имам дупчиња, и задоволно носев бикини.

Кога имав 20 години бев преубава, но не го знаев тоа.

Бев фокусирана само на негативните работи – се споредував со девојките кои беа послаби и поубави од мене, со природна руса коса. Сакав да бидам како нив.

02-ubava-zena-mudrost-123

Сега, кога сум на прагот на моите четириесетти години, ги гледам моите фотографии од 30 години и гледам една прекрасна жена. Ги гледам фотографиите кога имав 20 години – гледам една прекрасна девојка.

Сега знам дека кога ќе имам 50 години и ќе ги гледам моите фотографии кога сум имала 40, ќе видам една убава жена.

Што значи тоа? Значи дека и денес сум убава. Исто како тебе.“

Прегледи:
441
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
25.08.2016