Категории

Ова видео ќе ви го разубави денот: Сестрички кои не можат да престанат да се гушкаат

Абигејл, Емили, Грејс и Мекејла Веб се четири идентични близначки од Канада, кои последниве денови станаа миленички на социјалните мрежи. Преслатките девојчиња не можат да престанат да се прегрнуваат покажувајќи ја љубовта една кон друга.

Нивната мајка Бетани Веб го снимила овој прекрасен момент меѓу своите ќерки, а видеото кое го ставила на Фејсбук досега има преку 63 милиони прегледи. Оваа четворка со сигурност и вам ќе ви го разубави денот.

Прегледи:
419
Објавено на:
25.06.2018