Категории

Oваа програма со мачиња им помага на пациентите кои боледуваат од деменција да ги ублажат симптомите на оваа болест

Старите пациенти во Аризона кои боледуваат од деменција се дел од програмата за враќање на меморијата. Во програмата, покрај старите пациенти, вклучени се и мачиња, на кои им е потребна грижа, љубов и внимание.

За мачињата се грижат пациенти кои имаат проблеми со помнењето. На овој начин, тие ги ублажуваат симптомите на оваа болест и со текот на времето започнуваат да се присетуваат на работи кои се случиле многу оддамна.

Покрај тоа што оваа програма е добра за пациентите, исто така е добра и за мачиња кои имаат потреба од грижа, љубов и внимание. Со редовната грижа и нега, мачињата се се помалку осамени и депресивни. На овој начин, пациентите покрај грижата за мачињата, се грижат и за самите себе.