Категории

Оваа пролет маникирот ќе биде во знакот на зелената „ментол“ нијанса

Оваа ефектна зелена нијанса имајте ја на ум оваа година затоа што ќе биде помеѓу главните трендови на маникир претстојната топла сезона.

Зелените се богати и уникатни, што ги издвојува од типичните, традиционални бои што често ги користиме. Затоа бојата на ментол ќе биде голем хит кога станува збор за пролетни маникири. Таа исто така изгледа одлично во комбинација со беж нијанси или сјајни детали. Ако одлучите да го комбинирате со други пастелни нијанси, тоа ќе се вклопи совршено, а исто така е прекрасно за создавање terrazzo дизајн на вашите нокти. П
Помодерен ефект може да постигнете со мат надланк, но за чист и тренди изглед, можеби најубавото ќе биде во класичното и сјајно издание. Подолу можете да најдете неколку лакови во трендовски нијанси на зелена кои ќе ги носиме целиот март.