Категории

Оваа женска фризура мажите ја сметаат за најпривлечна

Клучот е во едноставноста!

Секако дамите смеат да носат она што им се допаѓа и имаат право да ја стилизираат својата коса на начин на кој се чувствуваат убаво. Но сите оние кои ги интересира што всушност мислат мажите за женските фризури, ние ќе им го дадеме одговорот. Која женска фризура мажите најмногу ја обожаваат и ја сметаат за најпривлечна?

Тие одговорија: „Без премногу експериментирање и украси за коса“
Резултатите можеби ќе ве изненадат, но мажите не се премногу воодушевени со фризурите кои вклучуваат премногу комплицирани вкрстувања и врзувања, не им се допаѓаат нити мокрите локни нити плетенките и останатите фризури кои вклучуваат врзана коса. Претераниот труд околу косата, барем спрема една група на која и било поставено ова прашање, одговори дека ги одбива.

Голем дел од мажите всушност сакаат едноставни фризури.
Негувана, лесно таласеста и сјајна коса е она на што паѓаат. Значи, ако сакате некого да заведете, не ви е потребен никаков труд. Едноставната фризура е најмоќното оружје на заведувањето.