Категории

Оваа зима блеснете во ТЕМНО ВИОЛЕТОВА

Бојата на љубичиците или темно виолетовата е вистински симбол на гламур и луксуз.

Доколку сакате да изгледате како да сте излегле од модно списание тогаш оваа боја е вистински избор за вас. Таа зрачи со отменост, елеганција и софистицираност а дури и нај едноставните парчиња во оваа нијанса можат да изгледаат скапо и луксузно.

Веќе ви најавивме дека оваа студена сезона ќе царуваат темните богати бои а како нивна кралица ќе се издвои ‘загасито’ виолетовата. Таа одлично одговара во контраст со другите темни топли бои како црвена,кафеава и окер, а во комбинација со студените тонови на сина и зелена ќе постигнете вистински моќен изглед.

Оваа зима зачекорете самоуверено во нај-тренди бојата на сезоната..

Прегледи:
722
Објавено на:
17.10.2017