Категории

Овие 3 намирници се полни со протеини и помагаат во процесот на слабеење!

Ако ги јадете овие намирници за вечера, можете многу бргу да се ослободите од вишокот килограми. Сепак, имајте в предвид дека вашиот последен оброк не треба да биде многу доцна.

Риба

Богата е со Омега- 3 масните киселини и протеини. Луѓето на кои им недостасуваат омега-3 масни киселини полошо спијат во текот на ноќта, а до тоа води нездравата исхрана. Истото важи и за белото пилешко месо. Ставете го на скара или испечете го на тефлон и јадете го за вечера. Протеините ќе ве заштитат и ќе почнат да го топат салото додека спиете.

Ореви

Го подигаат нивото на магнезиум, а исто така изобилуваат со омега-3 масните киселини. Ќе ви помогнат подобро да спиете, а и ќе го намалат ризикот од болести на срцето, ракот и дијабетесот. Идеални се за вечера бидејќи ве држат ссити, како и бадемите.

Млечни производи

Млекото е богато со калциум, а според едно истражување спроведено кај жените кои се пред менопауза, а консумирале храна богата со калциум, с епокажало дека изгубиле значајна количина на масни наслааги. Освен што помаѓа во топењето на салото, калциумот го подобрува и сонот.

Пред спиење најадете се – можете и да комбинирате млечни производи со месо и јаткасти плодови – резултатите нема да изостанат.