Категории

Овие 4 работи ги наследува детето од својот татко

Згоден на мама, паметен… исто на мама? Не, околу тие нешта секогаш може да се препирате со сопругот, но за овие четири работи секогаш е заслужен само тој.

Децата се вистинско мало чудо, претставувајќи минијатурна верзија од своите родители. И додека по игра на случајноста некои работи ќе ги наследи од мајката, а други од таткото, постојат четири карактеристики кои се пренесуваат на детето исклучиво од таткото.

Пол

Во моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце клетката, се одредува и полот на детето. За тој избор одговорен е исклучиво сперматозоидот, бидејќи јајце клетката носи два X хромозоми, додека сперматозоидот носи еден X и еден Y хромозом. Полот на детето зависи од тоа дали јајце клетката ќе биде оплодена од X или Y хромозомот – ако е X детето ќе биде женски пол, а ако е Y детето ќе се биде машки пол.

Рефлексот на кивање на светлина

Доколку секој пат кога ќе погледнете во сонцето кивате, тоа сте го наследиле од својот татко. Ова е синдром при кој луѓето киваат кога ќе се изложат на ненадејна, силна светлина.

Отпечатоци на прстите

Иако отпечатоците на прстите се нешто единствено за секоја личност и никој нема исти како нас, сепак секое дете има многу послични отпечатоци со таткото отколку со мајката.

Далтонизам

Далтонизмот претставува ретко пореметување при кое личноста не ги распознава јасно боите, туку само контрастите (црно – бело). Овој термин често се меша со пореметувањето во кое личноста не ги распознава црвената и зелената боја. Од прилика 5% од популацијата во светот страдаат од овој синдром и тоа повеќето се машки пол кои природно го носат тој дефект во себе, па поради тоа тие се оние кои најчесто го пренесуваат и на своето потомство.

 

Прегледи:
420
Објавено на:
13.02.2018