Категории

Овие 5 дена од ноември ќе бидат најсреќни кога сите желби се исполнуваат

Ноември носи мирна енергија, прилика за позитивна трансформација и среќа, па затоа е идеален за позитивни промени во животот. Ова се петте најповолни денови од ноември кога ќе се остваруваат сите желби.

 

5. ноември

Енергијата на младата Месечина во Шкорпија ќе ви помогне да се ослободите од емотивниот терет, а транзитот на Венера во Јарец ќе биде поттик за будење позитивни емоции. Ова е момент кога во вас ќе се разбуди силна енергија која ќе ви помогне да го разбудите оптимизмот и самодовербата, а со тоа и да ги остварите своите желби. Дали сте подготвени?

11. ноември

Ден кој во себе ја содржи магичната низа на бројки – 11.11. Оваа низа на броеви се смета за најсреќна и најповоолна за остварување на она што го сакате. Симболизира мирна и совршено ускладена енергија. Важно е на овој ден да се сетите на својата мисија во животот, како и да поставите цели кои се вредни да ги следите.

17. ноември

Креативната енергија која ја генерира Уран ќе се спои со силата на Марс. Ова ќе биде ден кога ќе можете да носите важни одлуки, да трошите пари и време на своето хоби. Овие две планети ќе ја подобрат способноста на емоционалната интелигенција. Ќе можете да ги извршите и најтешките задачи бидејќи ќе имате храброст да им верувате на своите способности.

18. ноември

Замислете желба додека ве чека ѕвездена магија. Ѕвездениот дожд ја буди интелигентнат и физичката сила, па овој ден ќе успеете да ги совладате сите препреки. Набљудувајте го небото и кога ќе видите метеор, замислете желба, затворете ги очите и замислете дека тоа се случува – овде и сега.

24. ноември

Меркур ќе го направи долгоочекуваниот премин во Стрелец. Под овој знак оваа планета се чувствува многу добро и слободно. Тоа значи дека на 24. ноември и следните денови ве очекува неверојатен финансиски успех. Оние кои денес се креативни, активни и смели можат да привлечат пари и енергија. Ова е добар ден за активност, комуникација, барање работа.

Прегледи:
859
Објавено на:
04.11.2021