Категории

Овие карактеристики треба да ги знаете за вашиот кинески хороскопски знак

Иако секојдневно читаме хороскоп, сепак постои уште еден аспект од хороскопот со кој многумина не се запознаени. Станува збор за кинескиот хороскоп.

Кинеската астрологија е различна бидејќи секој знак се однесува за една година и ги користи следните 12 животински знаци: стаорец, вол, тигар, зајак, змеј, змија, коњ, овца, мајмун, петел, куче и свиња.

Одредете кој е вашиот кинески хороскопски знак според годината во која сте родени и прочитајте кои се вашите карактеристики.

Стаорец (1984, 1996)

Ако сте родени во годината на стаорецот, вие сте паметни, смешни, креативни, оптимисти и скромни. Сакате да превземате акција и да бидете опкружени со пријатели. Вашиот шарм и хумор ви помагаат да се справите со другите луѓе, но и да флертувате. Паметни сте и сакате работите да ги завршите во текот на ноќта, истовремено планирајќи да имате доволно време да се наспиете.

Бивол (1985, 1997)

Вие сте стабилни и лојални и  ја цените чесноста и интегритетот кај луѓето. Упорни сте и не дозволувате мислењето на другите да влјае на вас. Ги обожавате пријатните вечери дома и не ви се потребни романтични гестови за да се чувствувате сакани. Верувате во напорната работа и посветеноста и сакате да добиете признание за сработената работа. Доколку канцеларијата не е совршеното место за извршување на работните задачи, тогаш одите на место каде што знаете дека ќе бидете ценети.

Тигар (1986, 1998)

Како и самото животно, вие сте смели, моќни, независни и динамичени. Ја цените слободата и никогаш не сакате да се вртите наназад. Секогаш наоѓате начин да ги надмините препреките. Вие се истакнувате во толпата и никогаш не се согласувате со другите. Никој не може да ви каже што да направите, но тоа понекогаш може да претставува пречка, особено во работното опкружување. Доколку работите во тим, проверете ги вашите инстинкти за да го направите најдобро тоа што го сакате.

Зајак (1987,1999)

Вие сте пријателска, чувствителна, уметничка, па дури и воздржана личност, што ве прави популарна кај пријателите. Не сакате да бидете сами, сакате постојано да сте опкружени со луѓе, што ве поттикнува да се прилагодите во било која социјална ситуација. Сакате романси и одлични сте во врска, но често излегувате од вашата насока за да избегнете конфликти. Иако тоа е причината затоа што сте одличен тимски играч, важно е да бидете сигурни дека нема да бидете изложени кон тврдоглави луѓе.

Змеј (1988, 2000)

Вие сте роден лидер и полни сте со живот, храброст и интензитет. Независни сте и ја сакате својата слобода, а тоа е причината поради која змејовите подоцна сакаат да се омажат/оженат. Сакате авантура и сонување, сакате да имате големо влијание врз светот, но може да бидете фрустрирани ако вашите соништа не се реализираат. Сепак, има многу нешта кои можете да ги направите и на кои треба да го фокусирате умот.

Змија (1989, 2001)

Змиите се креативни и талентирани и редовно ги привлекуваат луѓето. Вие сте социјални кога сакате да бидете, но исто така знаете кога ви е потребно време. Вие сте крајно решени и одлични во подготовка на планови за постигнување на вашите соништа. Кога ќе им дозволите на луѓето да ви се приближат, тие веднаш ќе забележат колку истовремено сте и чувствителни и смешни.

Коњ (1990, 2002)

Вие сте светла, отворена и весела личност, која ги шармира луѓето. Сакате да бидете опкружени со луѓе и секогаш се подготвувате за добра забава. Секогаш сакате да ги решавате проблемите брзо и директно. Имате силни мислења и не се плашите да ги споделите. Сакате да се чувствувате безгрижно и со тенденција да успеете да ги постигнете вашите цели, благодарение на вашите неверојатни инстинкти.

Овца (1991, 2003)

Вие сте љубезни, сочувствителни и природно креативни. Сакате убавина и сакате да се опкружите со неа. Исто така ја знаете важноста да имате квалитет и поради тоа секогаш одвојувате време за себе. Мразите кога некој ви кажува што да правите и не сакате да правите компромис, поради што може да имате проблеми со вашиот партнер во врската.

Мајмун (1980, 1992)

Вие сте паметни, забавни, и добри во освојување на тоа што го сакате. Имате силен лидерски потенцијал, кој ви помага да ја добиете доверба од другите. Сепак, не ви се допаѓа кога другите ви кажуваат што да правите што може да биде проблем во групни ситуации. Вие сте дарежлива и чувствителна личност која сака да им помогне на другите луѓе. Може да бидете разиграни и романтични во односите, но може и да имате проблем да останете посветени на една личност. Сакате забава и стимулација и секогаш сте подготвени за следната возбудлива авантура.

Петел (1981, 1993)

Имате чувство на должност, достоинство и гордост и знаете како да бидете забележани. Имате одлични комуникациски вештини и сакате да бидете поинакви и уникатни. Имате голема пресуда и силна работна етика. Вие исто така сте перфекционист кој може да ви служи добро, но и да ве фрустрира кога работите не одат на вашиот пат. Мразите да губите време и пари. Вие сте брзи, флексибилни и брзо напредувате.

Куче (1982, 1994)

Вие сте љубезни, искрени и мирни. Ги мразите аргументите, но ги криете емоциите, дури и во ситуациите во кои можат да доведат до конфликт. Оптимисти сте и великодушни со вашите пријатели. Брзо простувате и подготвени сте да направите се за луѓето кои ги сакате. Обожавате да се грижите и да ги изненадувате вашите блиски пријатели.

Свиња (1983, 1995)

Вие сте лојални, искрени и веродостојни, и затоа многу луѓе сакаат да бидат во ваша близина. Никогаш не се двоумите да направите жртви за луѓето и идеите во кои верувате. Знаете често сте директни, искрени, спонтани и сакате да правите планови во последен момент.