Категории

Овие нешта за себе не ги кажувајте никогаш никому

За среќа и напредок во животот, овие нешта чувајте ги само за себе

Никогаш не зборувајте однапред за вашите планови, за да не ја исфрлите потребната енергија за остварување на целта. Ова го тврдат духовните учители, кинеските мудреци, доховните водачи и северноамеричките Индијанци. Еве неколку причини зошто е тоа така.

Планови
Никогаш никому не му кажувајте нешто се додека тоа не се оствари. Со зборување само ја исфрлате потребната енергија за остварување на целта. Многу луѓе се увериле дека кога премногу зборуваат за она што го планираат, секогаш нешто тргнува лошо. За жал, со тоа што откривате, им давате прилика на лошите луѓе да ви ги пореметат плановите.

За откажувањето
Ако сте избрале да живеете здраво и помалку стресно, да се откажете од комфорот на модерниот живот, не зборувајте за тоа наоколу. Духовниот мир ќе го пронајдете ако вашето откажување е ориентирано само на физички аспект.
Тоа што сте се откажале од некои нешта во животот не значи дека сте подобри од другите луѓе. Исто така, ако нешто правите за другите, не зборувајте за истото. Најважно е некому да помогнете, а не да бидете добри во очите на другите.

Јунаштво
Некои предизвици се видливи само за едни, не за други. Мудреците кажуваат дека поедини луѓе добиваат надворешни предизвици, а постојат и предизвици кои се појавуваат внатре во човекот и никој не знае за нив. Затоа, кога ќе направите нешто храбро со кое со радост би се пофалиле, задржете го тоа за себе. До вас можеби стои човек кој имал многу тешки борби во животот и победил во сите нив, но не зборува за тоа.

Семејни проблеми
Што помалку зборувате за проблемите во вашето сеемјство, тоа ќе биде посилно и постабилно. Не зборувајте премногу ни на вашите пријатели затоа што некои нешта се решаваат само во семејството. Избегнувајте да зборувате за вашиот приватен живот. Никогаш не заборавајте дека постојат поединци кои се веселат на туѓата несреќа.

Прегледи:
886
Објавено на:
15.12.2019