Иако многу од нив негуваат провокативен имиџ, некои славни жени, а и по некој маж, своето прво сексуално искуство решиле да го чуваат за „вистинскиот“ партнер.
Селин Дион (49) започнала романтична врска со менаџерот Рене кога имала 19 години, а тој 45. Пејачката не криела дека Рене е првиот и единствениот маж во нејзиниот живот. На почетокот ја криеле својата врска од другите, но по четири години, парот застанал пред олтар. Селин со Рене има три деца.
Адриана Лима (36) е голем верник, па затоа за секс пред брак не ни помислувала. Мажите со кои излегувала не можеле да ја почитуваат нејзината одлука, се додека не го запознала кошаркарот Марко Јариќ. Со него се венчала во 2009-та година, по девет месеци поминати во врска. Тие имаат две ќерки, а разводот е финализиран во 2016 година.
Кевин Џонас (30) својата невиност ја изгубил кога стапил во брак со поранешната фризерка Даниел, која ја запознал во 2007 година. Кевин се до првата брачна ноќ бил невин. Се венчале во 2013 година, а потоа снимиле сопствено реално шоу. Набргу добиле две ќерки.
Џесика Симпсон (37) не крие деа била девица кога се омажила за Ник во 2002 година. Таа се гордеела со својата невиност велејќи дека тоа е кул и секси. Подоцна со Ник снимиле реално шоу, кое набргу станало феномен во поп културата, благодарение на улогата на Џесика како „глупава плавуша“. Од Ник се развела по четири години брак.