Категории

Со овие трикови ќе имате мирен и квалитетен сон

Доколку не одвоите доволно време за спиење, ќе ја намалите сопствената продуктивност. Понекогаш се чини тешко да се најде време за преспивање, особено за оние кои патат од несоница, но спиењето со себе носи многу придобивки за организмот и продуктивноста.

Ова се некои трикови кои ќе ви помогнат да имате цврст и квалитетен сон.

Намалете ја консумацијата на кофеин

Како и алкохолот, така и кофеинот го попречува сонот. Исто така ја зголемува анксиозноста што предизвикува тешкотии при спиењето. Многумина не забележуваат колку кофеинот влијае на сонот, бидејќи се навикнуваат на ефектите кои ги предизвикува.

Држете го телефонот понастрана од креветот

Дури и доколку имате вклучен аларм, погрижете се телефонот да го оставите подалеку од вас пред спиење. Кога телефонот е премногу близу, ве става во искушение да проверувате нотификации и да листате низ социјалните мрежи, а на тој начин не можете да заспиете лесно.

Покријте го часовникот

Доколку го проверувате времето на часовникот, вашиот мозок свесно или несвесно ќе се насочи кон калкулирање во текот на ноќта. „Доколку заспијам сега, ќе ми останат седум часа за спиење.“ Звучи познато?

Ослободете го умот од премногу размислување пред спиење

Може да биде навистина тешко да го пренасочите умот од активна во пасивна состојба. Кога сте зафатени преку целиот ден, мозокот не може да процесира. Откако ќе легнете, започнува тој процес. Затоа, 10 минути пред легнувње седнете на стол и дозволете му на мозокот да ја помине таа транзиција. На тој начин откако ќе легнете многу побргу ќе заспиете без да го анализирате изминатиот ден.

Станете од креветот

Кога имате проблем со заспивањето, или кога ќе се разбудите сред ноќ и не можете повторно да заспиете, станете од креветот и седнете на стол во близина на вашиот кревет. Ова му кажува на мозокот дека столот е место за размислување, а креветот е место за спиење.

 

Прегледи:
389
Објавено на:
23.01.2018