Категории

Овие зборови не може да се преведат на ниту еден јазик

И покрај зголемувањето на глобализацијата и брзото учење на странски јазици сепак постојат неколку зборови кои не можат да се преведат на ниту еден јазик. Тоа е чудно со оглед на фактот дека луѓето зборуваат 7.000 јазици, а во многу земји малкумина зборуваат друг јазик освен мајчиниот.

Во новата илустративна книга „More Than Just A Word – Untranslatable Words Of Love From Around The World“ авторката Ема Блок истражува некои од тие зборови кои не може да се преведат, пишува Independent.

1. Cafuné (португалски) – чинот на минување со прсти низ косата на саканиот

2. Litost (чешки) – збор дефиниран од чешкиот писател Милан Кундера како „состојба на очај што се јавува кога човекот одеднаш ќе стане свесен за сопствената мизерија“.

3. Schnapsidee (германски) – план создаден во пијана состојба или план што толку е смешен што сигурно сте биле пијани кога сте го смислиле.

4. Viraha (хинди) – сфаќањето дека сакате некого дури откако ќе се разделите

5. Jayus (индонезиски) – шега која воопшто не е смешна, но токму поради тоа мора да се насмеете

6. Tsundoku (јапонски) – кога ќе купите книга што никогаш нема да ја отворите и прочитате

7. Oodal (тамилски) – лажна лутина што љубовниците ја глумат по некоја караница

8. Toska – (руски) – опишано од рускиот писател Владимир Набоков како чувство на голема духовна тешкотија што се случува без посебна причина.

9. Abbiocco (италијански) – поспаноста што ја чувствувате откако ќе се прејадете

10. Odnoliub (руски) – некој кој има само една љубов во целиот живот.

Прегледи:
604
Објавено на:
24.02.2016