Категории

Овие знаци покажуваат дека другите луѓе се плашат од вас

Нашето однесување кај другите луѓе може да предизвика страв, а ние да не сме ни свесни за тоа. Ако сакате да дознаете дали другите луѓе се плашат од вас прочитајте ги следните 5 знаци. Ако се препознаете во некој од нив, можеби е време да се преиспитате.

1.Луѓето во вашата близина не ја вршат добро работата

Ако некој е вознемирен и исплашен тоа ќе ја намали неговата ефикасност. Обидете се да им дадете мир на луѓето така што во вашето присуство нема да бидат постојано напнати и исплашени. Ќе видите колку подобро ќе функционираат кога нема да се плашат.

2.Другите луѓе не ве гледаат во очи

Кога се плашиме од некој реагираме, меѓу другото, со избегнување на контакт со очите. Доколку сте приметиле дека луѓето често не ве гледаат во очи при конверзација, можеби делувате застрашувачко.

 

3.Другите луѓе не ви поставуваат прашања (лични или професионални)

Најдобрата одбрана за изплашената личност е избегнување на комуникација со личноста од која се плашат. Најчесто се плашат да не ви постават погрешно прашање поради кое би реагирале бурно. Доколку сметате дека некој се плаши од вас, почнете да ги прашувате за нивниот живто, можеби ќе го сменат мислењето за вас.

4.Луѓето ве избегнуваат

Ако забележавте дека секогаш вие ја започнувате комуникацијата и дека луѓето ве избегнуваат, постои можност дека се чувствуваат непријатно во вашата близина.

5.На луѓето им се менува гласот кога се во ваша близина

И промената на гласот може да биде сигурен знак дека другите луѓе не се чувствуваат пријатно во вашата близина. Можат да почнат да зборуваат побрзо, гласно или тивко. Обрнете внимание на начинот на кој другите разговараат со вас. Доколку ги приметите овие знаци можеби е време да се преиспитате себеси.

Прегледи:
452
Објавено на:
19.12.2018