Понекогаш врската или бракот е толку заглавен во рутината и досадата што освежувачкиот поглед на детето може да направи чуда – баш како во оваа брачна криза …
-Мамо, дали мора баш да се оженам? – е прашање поставено од шестгодишниот син на блогерката и јутуберика Јоана Вендити – без да знае што ќе предизвика. Имено, овие зборови ја поттикнале младата мајка да размислува.
На својот блог, таа напишала дека прашањето на нејзиниот син прво предизвикало страв во неа и се прашувала што е во ред со нејзиниот брак – и дали воопшто бил лош. ,,Не, не треба да се ожениш. Можеш да правиш што сакаш, ние само сакаме да бидеш среќен “, му одговорила Јоана на синот, а тој со олеснување и рекол :,, Добро, добро! Имено, не сакам да се расправам со некого цело време. “
Во тој момент, Јоана сфатила како пасивното и агресивно однесување што го имале со нејзиниот сопруг дејствува врз нивниот син. Тие се расправале за секоја ситница и глупост – и често атмосферата била сосема ладна. Поради оваа причина, четирикратната мајка – аинот Холден има три помлади сестри, ја повлекла линијата и направила ,,ревизија” на изминатите неколку години: свршувачка, брак, спонтан абортус, проблеми на работно место, здравствени проблеми. Сето ова го поминале заедно. Сепак, нивната врска трпела поради тоа.
Нешто треба да се промени.
Таа разговарала со нејзиниот сопруг за проблемот и двајцата се согласиле дека нешто мора да се промени – инаку нивниот брак ќе пропадне. Тие одлучиле дека повторно мора да се заљубат еден во друг. Оделе на состаноци и поминувале многу време сами заедно.
,,Ние никогаш не сме ја изгубиле љубовта еден кон друг, но сега имаме сосема нова врска. Ги залепивме пукнатините и го изградивме нашиот нов однос.” И нивниот син не го пропуштил тоа, па сега одлучил да се ожени еден ден, изјавила Јоана. ,,Нашиот дом не е полн со викање и кавги. Сега зборуваме, се смееме и сме позитивни. “