Категории

Овој хороскопски знак го чека потполна благосостојба оваа пролет

Вистинско време за љубов, пари и среќа, а токму тоа ве очекува вас и тоа со првите пролетни зраци. Првите топли денови ќе ја разбудат во вас љубовната енергија, а еден знак ќе заблеска со посебен шарм.
Кога и да се занесеме од љубовната магија на астрологијата, секогаш прво се прашуваме со кој знак владее Венера, симболот на убавината и романтиката. Оваа пролет 2017 година, Венера ќе ги оствари љубовните желби на темпераментниот Овен.

Се до 25-ти февруари, низ овој знак поминуваше Ерос кој го зачини овој период со романтичен прав а ја засили страста до максимум. Со ова, силна астролошка поддршка на овој знак му дава и Венера која е во знакот Овен од 3-ти февруари до 2-ри април, а потоа и од 28-ми април до 6-ти јуни.

Не е ни чудно тоа што Овенот се чувствува како да е на седмо небо. Се се врти околу припадниците на овој знак, па затоа и самите се грижат за изгледот и начинот на однесување. Сепак, би требало да се опуштите бидејќи нема да ви треба многу за да привлечете внимание. Секако, искористете ја оваа промена до максимум за да си ја зголемите самодовербата во оние животни области каде што малку се намалила.

Што се однесува до шармот, тука не треба ништо да зголемувате. Сите ве сметаат за исклучително пријатно друштво и никој нема да може да остане рамнодушен на вашата неодоливост и привлечност. Сите љубовни сили на планетите работат во ваша корист, па така и Марс ќе ви ја зголемува страста до 9-ти март. Никој нема да може да ви одолее, а таа самоувереност во освојувањето ќе ве направи уште попривлечни.

Овие прогнози не се однесуваат само на лицата родени во знакот Овен, туку и на оние кои се Овни во подзнак. Ако ги имате Венера и Овенот во вашиот натален хороскоп, тоа значи дека вас ве краси посебна аура од невин шарм, па затоа сите ја толерираат вашата нетрпеливост и детско однесување. Ве возбудува врска која е полна со енергија и акција, рутинското партнерство од навика не е за вас.

Сите ќе бидат помалку нетрпеливи додека е Венера во Овен. Ова е период кога не би требало да се вртиме назад кон минатото, туку да му се радуваме на секој нов ден. Време е за љубов, романтични освојувања, директен пристап, заведување, спонтаност и восхит кој ги отвора срцата.

Прегледи:
359
Ознаки:
· ·
Објавено на:
02.03.2017