Омиленото јадење за појадок или бранч во најлуксузните ресторани се состои од две препечени кришки премачкани со путер, пржена шунка/сланина, јајце и холандез сос.
Првиот пишан доказ за јајцата Бенедикт не враќа точно 120 години наназад. Според една приказна, заслугата за неговото настанување треба да се побара кај ресторанот во Њујорк „Делмоникос“, инаку првиот отворен ресторан во САД.
Состојки:
- 8 јајца + 4 жолчки
- 4 лажички сок од лимон
- 8 парчиња сланина
- 4 земички, преполовени
- малку Ворчестер сос
- малку бибер
- малку сол
- лажичка оцет
- лажичка вода
- 200 гр путер
Подготовка:
1. Направете сос холандез – на пареа истопете жолчка, сок од лимон, бибер, Ворчестер сос и лажичка вода. Сето тоа промешајте го и додадете две лажички путер. Ако сосот почне да се згуснува, додадете малку вода. Мешајте додека путерот не се растопи и додадете сол.
2. Наполнете тенџере со вода и загрејте ја, а потоа додадете оцет. Полека скршете ги јајцата и ставете ги во врелата вода. Јајцата би требало да се варат околу 1,5 до 3 минути. Извадете ги јајцата од водата со помош на лажица со дупки и ставете ги во топла чинија.
3. Додека ги варите јајцата, испржете ја сланината и загрејте ги погачиците
4. На загреаната половина од погачицата намачкајте путер и ставете ја сланината и јајцата. Прелијте со подготвениот сос и декорирајте по желба.