Категории

Овој тест го открива карактерот на жената: Изберете го омилениот прстен

Не е тајна дека жените сакаат накит, особено прстени. Секоја жена има единствен вкус, а по стилот на накитот кој го избира, може многу да се каже за нејзиниот карактер. Одберете прстен од сликата кој најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто ново за себе:

 

Прстен 1

Вие сте кралица која знае да се цени себеси. Кралица која е отворена, како кон себе, така и во односот кон другите. Понекогаш вашите најблиски патат поради вашата сурова искреност, но бргу ви простуваат благодарение на вашиот шарм.

Вие сте силна, а истовремено и искрена личност. Многумина во вашето опкружување не можат да и одолеат на оваа комбинација. Доколку ви е некој навистина симпатичен, тој ќе ја почувствува сета топлина на вашето срце. Ако некој не ви се допаѓа, веднаш ќе му дадете до знаење.

Прстен 2

Тешко е да се пронајде некој поженствен од вас. Вие сте нежна, драга личност. Оној маж на кого ќе му го подарите срцето, ќе биде вистински среќник. Најубаво изгледате во фустани, бидејќи тие ја откриваат вашата природна убавина. Сакате да сонувате и вашите соништа на чудесен начин се исполнуваат. Можете да го шармирате било кој маж кој ви се допаѓа. Знаете да флертувате. Имате енергија за двајца.

Прстен 3

Акогоа избравте ова симпатично маче, значи дека и вие сте како мачка, живеете истовремено во два светови. Вие сте многу едноставна личност, со која комуникацијата е прекрасна и имате многу пријатели.

По запознавањето со вас, луѓето чувствуваат емотивно издигнување. Имате топла енергија и дарежливо ја делите. Поради грижата за другите, честопати се занемарувате себеси. Не заборавајте да уживате во сите можности кои ви ги дава животот.

Прстен 4

Вие сте вистински ловец. Преполни сте со силна, дива, блескава енергија. Најверојатно имате очи кои тешко се забораваат. Вашиот поглед допира директно во душата. Привлекувате луѓе кои сакаат да зборуваат со вас. Притоа, само на неколку луѓе им дозволувате да ви се доближат. Имате потполно доверба само во оние со кои сте многу блиски. Предавство и прељуба никогаш не простувате. Вашиот живот кај другите предизвикува голем интерес. Честопати сте тема на озборување, но ретко кога обрнувате внимание на тоа.

Прстен 5

Вие сте претстваник на љубовта. Најважната работа во вашиот живот е љубовта. Тоа се однесува на вашата омилена професија, работа и секако саканиот маж. Семејната атмосфера и удобност е ваш стил, особено ако постои оној со кој можете да ја споделите. Имате шармантна насмевка и предизвикувате радост кај блиските луѓе. Го цените секој момент во животот и скате ситни, пријатни нешта. За вас имаат големо значење различните ситници низ домот, цвеќе, шолји, музика…

Прстен 6

Вие сте вистинска дама. Имате неверојатен вкус, знаете да се претставите во најдобро светло. Пријателките честопати ви се обраќаат за совети поврзани со убавина. Мирни сте и добро ги проценувате луѓето. На вашиот буден поглед не може да му избега ниедна ситница. Никогаш не откривате туѓи тајни. По природа имате фини, убави црти на лицето. Кај  луѓето цените лојалност. Кога ќе се вљубите, тоа е силно и на долги стази.

Прегледи:
796
Објавено на:
18.05.2018