Категории

Пад на социјалните мрежи: Богатството на Марк Цукерберг се намали за 7 милијарди долари

Богатството на Марк Цукерберг за неколку часа падна за речиси седум милијарди долари поради нефункционалноста на Фејсбук и Инстаграм.

Поради тоа, вредноста на Цукерберг се намали на 120,9 милијарди долари поради што основачот на Фејсбук падна на петто место на Блумберговиот индекс на милијардери. Od 13. септември изгубил околу 19 милијарди долари.

Wall Street Journal на 13. септември започнал да објавува низа стории во кои се наведува дека Фејсбук бил запознаен со проблемите на популарната апликација.

„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблем со пристапот на нашите апликации и производи. Работиме на тоа да ги вратиме работите во нормала што е можно побргу и се извинуваме за било какви непријатности“, порачаа од Фејсбук на Твитер.

Фејсбук не е под хакерски напад

„Тие имаат сервери по целиот свет и ако им се сруши само еден чвор, по него паѓаат 10 други и нормално дека не може да им се пристапи. Како еден доказ дека ова не е хакерски напад, може да се издвои тоа што Фејсбук и Инстаграм имаат раздвоена инфраструктура и работат независно еден од друг. Кога би го нападнале едниот, другиот би работел“, изјавил за 24сата стручњакот за информациска сигурност Далибор Влахо.