Категории

„Пандемијата ги уништи прегратките“ – Малиот Вуди има аутизам а неговите изјави станаа уметност

Вуди е осумгодишник од Англија, кој отсекогаш бил добар со зборови. Дури и како двегодишно дете цитираше цели реченици од неговите омилени книги, а сега неговиот татко ги сподели мислите на неговиот син со светот преку уметноста.

На Вуди му беше дијагностициран аутизам кога имаше три години, но неговите родители, Сони и Шарлот, претходно забележаа дека нивниот син е посебен. „Кога имаше две години, тој ја обиколи куќата и ги цитираше зборовите од сликовниците што ги прочита и тоа само еднаш. Тој секогаш бил добар со зборовите“, рече неговата мајка Шарлот.

Поради аутизмот, понекогаш станува премногу фиксиран за некои работи и мора да ги разбере на свој начин. За време на заклучувањето поради пандемијата, малиот Вуди имаше многу да каже за светската чума, а неговиот татко реши овие цитати да ги претвори во уметност правејќи мали постери или честитки од нив. Приходите од продажбата се донирани во добротворна организација која им помага на децата со аутизам.

Семејството го преболе Ковид-19 и поради тоа Вуди беше доста вознемирен. „Овие симпатични реченици се неговиот начин на справување со стравот и фрустрацијата за целата ситуација“, рече Шарлот. На прашањето што мисли за целата ситуација во короната, Вуди покажа дека не губи оптимизам. „Тоа е малку лошо и малку добро во исто време, но верувам дека сето тоа ќе го поминеме наскоро“, изјави тој за Би-Би-Си. Ова се само некои од изјавите на Вуди: „Не сакам да се врати во нормала, сакам да се врати подобро“. „Зошто Ковид требаше да ја избере оваа планета? „Никогаш не се чувствувам како заклучување со тебе. „Никогаш нема да останам без прегратки за тебе. „Локдаун ги уништи прегратките. Лол“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Woodism.co.uk (@woodism_ink)

Прегледи:
650
Објавено на:
04.04.2021