Категории

Патеките на кафето: Авантура на велосипедисти низ недопрената природа на Мексико

Патеките на кафето на Yuviaga се во плантажите во планините на Мексико. Велосипедистите Диего Сада, Маурицио де Авила и Самуел Дијаз ги зеле своите планински велосипеди и „зајавале“ во некои од најлудите пејзажи во Мексико, а сликите кои ги вратиле се доказ за нивното епско патување.

Името Yuviaga потекнува од тропско растение кое расте на брегот од реката, а кафето е именувано по ова растение во плантажа Ел Mirador. Локалните жители создале мрежа на патеки низ повеќе од 600 хектари земја, за да ги собираат црвени плодови кои ги раѓа Yuviaga. Повеќето градови низ кои поминале велосипедистите немале по повеќе од 150 жители.

„Се качувавме низ каливите патишта, губејќи комплетна комуникација со модерната цивилизација се дур не дојдовме до нашата дестинација“- објаснува еден од нив.

„Патувањето беше навистина жешко, влажноста во џунглата е голема, а температурите и онака беа 32 целзиусови степени во 10 часот наутро.“

Мора да признаеме, неверојатно патување во скоро недопрениот дел на Мексико.