Доколку немате доволно време, овој рецепт одлично ќе се вклопи во вашиот распоред.
Состојки:
- 2 филеа пилешко бело месо
- 200 г кашкавал
- 300 г суво месо
- 1 павлака
- 2 јајца
- 3 чешниња лук
- 5 лажици сенф
Подготовка:
1. Белото месо излупајте го и многу малку посолете го, наредете го на подмачкан плех.
2. Премачкајте го со сенф и добро изгмечеениот лук.
3. Преку сенфот изрендајте кашкавал.
4. Наредете го сувото месо, повторно премачкајте со сенф, сега наредете го кашкавалот.
5. Изматете ги јајцата и павлаката и прелијте ги преку кашкавалот.
6. Бајадерата печете ја 30 минути на 200°. Оставете да се олади и сечете како бајадера.