Категории

Писмо од маж кој згрешил: Требаше неа да ја избирам секој ден

 Сакав да бидам со неа. Навистина сакав неа да ја одберам. Таа беше неверојатна жена, паметна, духовита, сензуална и секси.

Од нејзината смисла за хумор целото тело ми се тресеше од смеење, а нејзината убавина ми го поматуваше паметот.

Моето среќно место беше кога наутро се будев покрај неа, навистина лудо ја сакав.

Но, како што тоа им се случува на многу млади парови, нашето незнаење како правилно да се сакаме, создаде стрес и предизвици во нашата врска.

Моите блажени утра станаа напнати, незрели ситуации во секојдневниот заеднички живот. И почнав да се прашувам дали постои некаде жена која ќе биде полесна за сакање и која мене подобро ќе ме сака.

Како минуваа месеците, таа мисла се повеќе ме обземаше, се помалку ја бирав неа. Секој ден во текот на пет години се помалку се одлчував за неа.

Останав со неа, но се откажав и двајцата страдавме.

Да ја изберам неа значеше да се фокусирам секој ден на прекрасните нешта кои ги внесуваше во мојот живот на што можев да бидам благодарен, нејзината насмевка, сензуалност, пријателство и уште многу нешта.

Но за жал, сето тоа ми стана тешко или скоро невозможно за да уживам или воопшто да го забележам.

Премногу се насочив на нејзината лутината и несигурност, на нејзините побарувања и останати аспекти од нејзината силна личност која имаше влијание на мене.

Колку повеќе се фокусирав на најлошото толку повеќе истото го забележував и поради тоа се однесував лошо. И природно тоа ја уништуваше нашата врска.

Таа се трудеше со сите сили да ја одберам неа, но беше залудно, не можете некого да го натерате да ве избере дури и кога ве сака.

Сега сфаќам дека честопати беше лута бидејќи не се чувствуваше сигурно. Почувствувала дека престанав со своите зборови и дела да ја одберам неа и се плашеше дека ќе ја напуштам.

И ја напуштив.

Но всушност ја изневерував секој ден во текот на пет години, фокусирајќи се на нештата кои ми пречат наместо на она што кај неа го обожавав.

Таа беше како редок и нежен цвет кој го донесов дома и потоа престанав да го полевам и премногу пати го оставав сам да венее во врелината на нашиот интимен однос.

Затоа секогаш изберете го она најдоброто кај жената која ја сакате, изберете ја неа целосно.

Ако сте во врска поставете ги со ова прашање: Зошто денес повторно ќе го одберам својот партнер?

Ако од прва не можете да најдете одговор, побарајте го подлабоко и ќе го пронајдете.

Ако пројде премногу време и не можете да откриете зошто секој ден би избрале да бидете со својот партнер, а вашата врска е полна со стрес, тогаш пуштете го да оди.

Направете место во вашиот живот да влезе некој друг, некој кој ќе можете да го бирате секој ден.

Бидејќи луѓето кои ги сакаме заслужуваат кај нив да го одберете само она најдоброто. Секој ден.

Прегледи:
443
Објавено на:
27.05.2016