Категории

„Поддржуваме безбедна иднина“ – кампања за заштита и безбедност на најмладите учесници во сообраќајот

На 18.10.2018 год, компанијата Пнеуматик во соработка со Општина Центар, Одделението за превенција при СВР-Скопје и основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци”, го реализираше првиот дел од проектот “Поддржуваме безбедна иднина” – кампања за заштита и безбедност на најмладите учесници во сообраќајот.

Основниот мотив при реализирање на овој проект кој ги засега најмладите, е подигнување на свеста пред се кај возачите, но и кај децата кои се директни учесници во сообраќајот.

Младите се нашата иднина и нивната едукација за заштита и безбедност се приоритет на општествено одговорни компании како што е Пнеуматик која донираше заштитни фосфорни елеци кои според потребите, би ги користеле учениците кои одат на еднодневни едукативни посети и работилници надвор од училиштето, со цел да бидат повпечатливи, а со тоа и побезбедни учесници во сообраќајот.

Настанот започна со реализирање на едукативна работилница од областа на сообраќајот за учениците од II-ро одделение – сообраќајно-воспитната акција “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ од страна на униформираните полициски службеници кои го задржаа вниманието на најмладите и создадоа голема проактивност во училишниот хол на во ООУ ,,Јохан Хајнрих Песталоци”.

На настанот се обрати Градоначалникот на Општина Центар – Саша Богдановиќ, како и претставникот на Пнеуматик – Александар Трајковски, кој воедно ги изнесе и идните планови за реализација на нови проекти во соработка со Одделението за превенција – СВР Скопје.

Активностите ќе продолжат да се одвиваат во текот на целата учебна година и ќе бидат опфатени и други општини на територијата на Град Скопје,бидејќи примарна мисла е сите заедно да ја поддржиме безбедната иднина на најмадите учесници во сообраќајот. Едукацијата и донацијата ќе биде реализирана и прилагодена на возраста на децата.

Да ги заштитиме децата во сообраќајот и заедно да ја поддржиме безбедната иднина за најмладите.

Прегледи:
575
Објавено на:
19.10.2018