Категории

Подгответе егзотичен ручек: Пилешко со грозје! (РЕЦЕПТ)

Доколку сакате да приготвите нешто егзотично и поинакво, ова е вистинскиот рецепт за вас.

Состојки:

  • 2 пилешки батаци
  • сол
  • бибер
  • темјан
  • димена пиперка
  • италијанска мешавина на зачини
  • 150 мл пиво
  • 2 кромиди
  • грозје
  • 10 маслинки
  • 3 чешниња лук

Подготовка:

Исечете го месото, помешајте го во зачините, оставете го да отстои и испечете го на маст. Во маста додадете исечкан кромид и лук. Налијте со пиво и додадете ги маслинките и грозјето. Кратко варете.

Ставете сѐ во плех, заедно со месото и печете во рерна на 200 C, околу 35 минути.

Пријатен апетит!

Прегледи:
417
Објавено на:
14.09.2021