Категории

Подгответе се за патување: 10 совети за лична безбедност кога патувате надвор од државата!

Без обзир на тоа дали прв пат одите на одмор надвор од државата или сте редовен патник, многу е важно да бидете свесни за безбедносните ризици додека сте во друга земја. Без сомнение, ако патувате во странство постои можност да бидете изложени на различни безбедносни ризици, посебно ако не се информирате доволно пред поаѓањето.

Затоа ве запознаваме со основните безбедносни совети кои ќе ви помогнат да се осигурате себеси, но и своите лични работи во текот на патувањето:

1. Добро чувајте ги патните исправи

 

Еден од првите и основни совети е да внимавате на своите лични документи. Секогаш постои можност да ви бидат украдени доколку се укаже можност за тоа.

2. Придржувајте се до советите кои ги добивате од авио компанијата

Веројатно од страна на екипажот или авио компанијата ќе добиете некои безбедносни насоки и пожелно е да се придржувате до нив.

3. Бидете сигурни дека вашиот багаж е затворен и сигурен

Многу е важно вашиот багаж да биде адекватно осигуран и пожелно е да имате безбедносна шифра за отворање на куферот. На тој начин ќе ја спречите кражбата или можноста за подменување недозволени супстанции.

4. Користете картици за плаќање наместо готовина

Намалете ја колку што можете количината на готовина која ја носите со себе и наместо тоа за плаќање користете кредитни картички.

5. Важно е да имате обезбедено сигурно сместување

Доколку за прв пат посетувате некој град, важно е да имате безбедно сместување за да проведете квалитетен, а пред сѐ спокоен одмор.

6. Добро чувајте го својот мобилен телефон и фотоапарат

Многу е важно да внимавате на својот мобилен телефон, фотоапарат или компјутер, поради тоа што кражбата на овие уреди може само да донесе непријатност, да го уништи вашиот одмор и да ја загрози вашата безбедност за ширење на приватните информации.

7. Не шетајте сами во град кој не го познавате

Се препорачува секогаш да бидете со некого или пак во група кога посетувате нов град за да бидете сигурни и безбедни.

8. Доколку патувате со автомобил заштитете се со помош на автомобилската асистенција на Сава Осигурување

Со автомобилска асистенција на Сава Осигурување добивате најобемно покритие за моторни возила на македонскиот пазар. Така ќе можете многу поспокојно да патувате, затоа што без разлика дали сте во земјата или странство, при проблем со вашето возило, помошта е само на еден телефонски повик од вас. Во случај на незгода, побарајте асистенцијата преку следниот телефонски број: +389 2 5101 525.

9. Осигурете го вашиот дом додека сте отсутни за да може целосно да уживате во вашето патување

Осигурувањето на станбени објекти и предмети во домаќинството на Сава Осигурување е организирано во пакети на осигурување со кои е покриена штета од уништување, исчезнување или оштетување на осигурените предмети, а која ќе настане како последица на некоја од осигурените опасности – ризици.

10. Патничко осигурување за комплетна безбедност при патување 

Патувањата по светот често знаат да бидат непредвидливи. Не знаеме што не чека на следната кривина. Најсигурен начин секогаш подготвени да ја дочекаме кривината, е да се осигураме. Со онлајн-патничкото осигурување можете во секое време брзо и едноставно да склучите осигурување и да имате покритие од полноќ истиот ден, за почетна сума од 2 евра.

Време е за безгрижни авантури, патувања и нови спомени. Заборавете на грижите додека сте на годишниот одмор со помош на Сава Осигурување!