Категории

Погледнете го новиот видео запис за песната „Љуби ме“ на Александар и Дац

Александар Митевски и Драган Спасов – Дац имавме можност повеќе пати досега да ги слушнеме во заедничките дуети, а денес го промовираа и видео записот за нивната најнова песна „Љуби ме“. 

 

По големиот успех на двете песни што ги снимија кои им донесоа и награди на годинешните „Охридфест“ и „Макфест“, најновата песна ги раскажува најубавите љубовни емоции со еден брз и динамичен ритам. Во спотот се појавуваат повеќе личности кои создаваат различни приказни, а сите нив ги поврзува љубовта. Емоцијата која ја пренесува композицијата и спотот ќе ве натера да ја слушнете повеќе пати и да уживате.

„Овој потенцијален хит за сите генерации е наш предновогодишен подарок за публиката“, вели Митевски.