Категории

Погледнете како изгледаат денес ликовите од најпознатите реклами во историјата

Се чини дека ликовите од кампањите или логото на компаниите никогаш не стареат и не се менуваат, ги сметаме за нереални и фиктивни ликови, но не е така.

Ова се дел од најпознатите ликови од маркетингот на компаниите, можеби најпознатите во историјата, а тие се реални ликови, кои стареат, кои имаат свои животи и кариери.

Момчето од пакувањето на Kinder

Се појави на пакувањето на Kinder во 2005 година, а денес Josh Bateson е пораснат, живее и студира во Лондон и исто така работи како модел.

 

Еве го неговиот предходник

Günter Euringer беше лицето на Kinder Chocolate од 1973 до 2005 година, кога беше заменет. Сега Günter има 52 години и работи како камерман. Исто така има напишано автобиографија со наслов „Чоколадното момче“ (The Chocolate Boy).

Детето на логото на бебешката храна Gerber

Кога Anna Terner имала пет месеци, нејзината слика била испратена на натпревар за логото на компанијата Gerber. Фотографијата била неверојатно успешна, а до 1931 година сите производи на компанијата биле со нејзиниот лик.

Девојчето од Лего рекламите

Во 1981 година, црвенокосото девојче Rachel Giordano беше фотограирана за реклама на Лего, а во 2014 година со подршка на The Huffington Post, 37 годишната Rachel ја реконструираше славната фотографија со модерен лего дизајн. Инаку Rachel сега е доктор.

Момчето од Малборо рекламите

Darrell Winfield беше еден од малкуте вистински каубои кои беа дел од рекламите на Малборо. Во 1968 година тој се појави првпат како лице на тобако компанијата. Останал лојален на брендот цел живот, а во  2015 година починал од рак на бели дробови.

Colonel Sanders, лицето на KFC

Лицето на логото на овој познат бренд е вушност лицето на основачот и креаторот на брендот KFC, Colonel Sanders.

Малото девојче од рекламите за Пепси

Кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите години, мало кадраво девојче стана ѕвезда на рекламите за Пепси. Таа е иначе сестрана на познатиот актер Jesse Eisenberg (The Double, The Social Network). Нејзиното име е Hallie Eisenberg, има 24 години и е актерка, глумела во Bicentennial Man и Holy Rollers, а исто така работи и на Бродвеј.

Девојката од Dr. Pepper рекламата

Од 1963 до 1968 година, Donna Loren беше јавното лице на Dr. Pepper, појавувајќи се на бројни настани, радио, телевизија, постери. Таа не била само пеачка, туку и актерка и има играно во голем број на филмови.

Прегледи:
545
Објавено на:
28.01.2017