Видеото кое очигледно беше поради забава предизвика бурни реакции поради кршењето на епидемиолошките мерки.
Во центарот на Амстердам, полицајци се судрија со граѓани, а видеото од овој настан предизвика бројни реакции, бидејќи станува збор за кршење на епидемиолошките мерки.
Холандската влада во саботата издаде нов, зимски декрет, во кој тепање со снежни топки е дозволено само меѓу членовите на истото домаќинство. Откако минатиот викенд паднаа невообичаено големи количини на снег, имаше немири меѓу полицијата и минувачите на плоштадот Дам во Амстердам.
Многумина на социјалните мрежи рекоа дека ова е симпатична акција, но исто така додадоа дека полицијата мора да биде пример за почитување на мерките.