Во Скопје и претпладнево како и изминатите денови ќе биде сончево и многу топло. Од попладне, временската состојба се менува!
Очекувајте зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Температурата ќе се движи од 21 до 38 степени. И утре ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за пет до осум степени пониски. Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се со постепен пораст.
Според УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер од над 70 километри на час. Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.