Најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан за потребите на новиот парфем смислила кампања на која шишенцата од парфемот се наоѓаат на нејзиниот впечатлив задник. Како што тврдат американските медиуми, на тој производ таа зарабтува неколку милиони долари за една минута.
Ким имала повеќе од успешен бизнис бидејќи со продажба на овој парфем заработувала милиони, но на нејзината среќа и дошол крај. Имено, старлетата ја тужи компанијата „Vibes“, бидејќи како што истакнуваат, го украла нивното лого кое го регистирирале во 2012. година.
„Бараме отштета и налог кои би ја спречиле ријалити ѕвездата понатаму да ги продава тие производи и да се уништат парфемите кои не се продадени“, изјавиле од компанијата.
Старлетата се уште се нема огласено по повод оваа тужба, а ако може да им се верува на американските медиуми, ова за неа ќе биде голем губиток бидејќи заработувала голема сума на пари за само неколку минути.
Како ќе се одрази ова врз кариерата на старлетата и дали ќе го намали нејзиниот висок буџет и луксузен живот на кој е навикната, останува да видиме.