Категории

Поразителни факти: Океаните се загреваат со таква брзина како да фрлате пет атомски бомби секоја секунда во водата

Океаните ширум светот сега се загреваат со иста брзина како кога би се фрлиле пет атомски бомби како оние кои беа фрлени во Хирошима секоја секунда во водата, објавуваат научниците.

Температурата во океаните минатата година достигна рекордна висина и се забрзува стапката на загревање, покажуваат најновите резултати од истражувањето објавено во кинескиот журнал „Напредок во атмосферските науки“.

Се наведува дека температурата на океаните минатата година била околу 0,075 степени Целзиусови повисока од просекот помеѓу 1981 и 2010 година. Според пресметките на научниците, за да ја достигне наведената температура океанот морал да преземе 2,6 милијарди пати поголема врелина од количината испуштена при бомбардирањето на Хирошима.

Измерената температура е неспорна и е понатамошен доказ за глобалното затоплување, нагласил водечкиот автор на журналот, Ченг Лиџинг и професор на Институтот за атмосферска физика на кинеската Академија на науки.

Истражувачите, исто така, ги споредиле податоците од периодот од 1987-2019, со периодот од 1955-1986. Утврдено е дека во текот на изминатите шест децении се случило најголемото топење за речиси 45% повеќе од претходно, што укажува на брза стапка на глобалните климатски промени.