Категории

После вежбање напијте се чаша чоколадно млеко, поздраво е од спортските пијалаци?

Луѓето кои, за време на тренинг или после вежбање, пијат чоколадно млеко, можат да закрепнат побрзо отколку да консумираат спортски пијалаци. Како што веќе знаете, исклучително е важно да ги надоместите течностите и електролитите потрошени при вежбањето.

Една нова мета-анализа забележа нешто интересно поврзано со чоколадното млеко. За целите на анализата, споредувани се податоци од 12 мали истражувања за тоа како чоколадното млеко влијае на успешното закрепнување на телото после вежбање (во споредба со еден плацебо пијалак и еден спортски пијалак).

Спортистите  биле вклучени во активности како трчање или возење велосипед, а потоа научниците ги проучувале индикаторите за закрепнување на телото и организмот. Истражувањата покажаа дека чоколадното млеко ги подобри: издржливоста, срцевите отчукувања и нивото на млечната киселина во крвта, речиси колку и спортските пијалаци.

Чоколадното млеко содржи: масти, протеини, флавоноиди, електролити и витамини, поради што овој пијалак е добар за закрепнување на организмот кај спортистите, а во некои случаи чоколадното млеко се покажа и како подобра алтернатива од спортските пијалаци.

Заклучокот е дека чоколадното млеко е вкусно и ефтино решение за закрепнување на телото кое дава слични, а понекогаш и подобри резултати во споредба со комерцијалните пијалаци.