Категории

Потешките автомобили се побезбедни! Или сепак не?

Повеќето луѓе мислат дека потешките автомобили се побезбедни. Иако на прв поглед делува логична оваа теза бидејќи повеќе челик би допринел за поголема сигурност, сепак се установило дека таа не е вистинита.

Направено е истражување според чии резултати безбедноста на возилата не е поврзана со нивната тежина, туку со должината и формата. Потешките автомобили не се и побезбедни при сообраќајна незгода бидејќи автомобилите не се едноставни, компактни објекти кои се движат како билјардска кугла. Тие имаат т.н. зони на удар и структурни решенија кои се проектирани така да доколку има незгода ударот да се намали и да биде колку што е можно помал. Колку што е поголема зоната на ударот, односно колку што автомобилот е подолг и поширок- патниците во случај на незгода се побезбедни. Потежок автомобил не значи и побезбеден автомобил!